X
 30.01.2016 Технологија

Како да ја користите новата опција на Facebook?

Дали сте подготвени за следење настани во живо директно преку „Facebook“?


По периодот во кој опцијата беше достапна само за славните, сега секој може да ја користи опцијата за гледање видео преноси. Лесна е за користење и ќе му биде корисна на секој корисник што го пробал „Periscope“ од „Twitter“, но не очекувајте многу гледаност уште првиот ден, порачуваат од „Mashable“.

Како да ја најдете опцијата?

Нема да најдете големо копче за снимање на мрежата. Всушност, нема показател за местото, кое е малку скриено под иконата за статус. Кога ќе го одберете копчето, ќе забележите нова икона веднаш до „Check In“. Доколку не сте објавиле статус одамна, ќе видите порака над иконата: „New! Record and share live video.“


Доколку сте подготвени за преносот, одберете ја иконата и дозволете пристап до камерата и микрофонот. Откако ќе го притиснете копчето „Continue“, ќе треба да го опишете преносот. Таму ги одбирате и подесувањата за приватност.


Штом го започнете преносот, видеото се појавува на вашиот профил. На екранот за гледање ќе го видите видеото како што го гледаат останатите, како и податоци за гледаност и коментари.

Нема граница за должината на снимањето, иако потребна е добра интернет мрежа.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија