X
 02.02.2016 Наука

Една земја дозволи генетско модифицирање човечки ембриони

Научниците во Велика Британија добија дозвола за генетско модифицирање човечки ембриони. Ова е првпат како некоја земја го дозволува ова.


Оваа техника за менување на ДНК-структурата во ембрионите ќе започне да се применува во институтот „Francis Crick“ во Лондон. Целта е да се добие подобро разбирање на најраните моменти од човековиот живот.

Сепак, научниците нема да смеат да ги имплантираат модифицираните ембриони во матка. Како и да е, се појавија грижи за појавата на генетски модифицирани бебиња. Во ДНК-та се наоѓаат „упатствата“ за изградба на човеково тело. Менувањето на гените овозможува манипулација со ДНК.


Првите експерименти во Лондон ќе се одвиваат за време на првите седум дена по оплодувањето и ќе бидат водени од д-р Кејти Нијакан.

„Би сакале да ги разбереме гените потребни за успешно развивање на еден човеков ембрион во здраво бебе. Ова е толку важно затоа што неплодноста и спонтаните абортуси се многу чести, но не се добро разбрани“, изјави докторката.

Инаку, научници од Кина изминатата година за првпат успеаја да променат гени на човечки ембриони за да поправат ген кој предизвикува нарушување на крвта.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука