14.10.2025
Култура
Почина Владимир Блажев - Панчо од ДНК
Седум месеци по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што се случи најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, почина Владимир Блажев - Панчо, пејачот од групата ДНК.
Панчо е 63. жртва на пожарот. Тој беше познат како дел од дуото ДНК и како самостоен диџеј Шорти П. Зад себе остави огромен број хитови испеани заедно со Андреј, а и двајцата ќе бидат запаметени по големата хуманост.
Фото: Facebook