X
 15.02.2016 Образование

Градинка во Данска дизајнирана според детски цртежи

Различни куќички исти како детските цртежи се споени такашто прават една целина. Оваа градинка во Копенхаген ја дизајнираа токму децата, односно целосно е изработена врз основа на детски цртежи.

 

детска


Градинката „Frederiksvej“ е најголемата установа од ваков вид во Копенхаген, а компанијата „COBE“ во 2011 година победила на конкурсот за нејзин дизајн во соработка со компанијата „Preben Skaarup“.

Необичната зграда се состои од 11 блокови во облик на куќички кои се протегаат во две градини.

„Работевме на креирање на едноставен израз, како карикатури кои илустрираат како децата ги цртаат куќите. Денешната тенденција е градење на се` поголеми градинки, па нам ни беше важно создавање на интимен простор во кој децата можат да создаваат мали светови бидејќи во градинките поминуваат поголем дел од својот ден“, вели архитектот Ден Штубергард.

Ѕидовите се изработени од метална мрежа која овозможува природната светлина да влегува во зградата.

„Разновидноста е клучна во дизајнот, а ние создадовме неколку видови на соби кои ги поддржуваат разновидните активности за децата за сите годишни времиња“, завршува Штубергард.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование