X
 05.03.2020 Образование

Од 2021 година училиштата во Сингапур ќе нудат часови за ментална благосостојба на учениците

Наскоро училиштата ќе бидат посветени на менталната благосостојба и поддршка на соучениците во училиштата, бидејќи министерството за образование на Сингапур го обновува наставниот план за граѓанско образование за 2021 година.

- Клучен предизвик со кој се соочуваат младите денес е менталната благосостојба - изјави втората министерка за образование Индрани Раџах.

Како такво, менталното здравје ќе биде дел од новата наставна програма во средните училишта за да им помогне на учениците да ги разберат вообичаените проблеми со менталното здравје и нивните симптоми, да знаат кога и како да побараат помош за себе и за другите и да развијат емпатија и грижа кон лицата со проблеми со менталното здравје, рече министерката.

Освен подучување на учениците, наставниците ќе создаваат и позитивна средина за учење во училиштата.

Наставниците се обучуваат да создадат позитивна култура во училницата, како дел од нивната обука, и се става голем акцент на позитивните односи наставник-ученик, рече министерката.

Училиштата ќе треба да ги научат учениците и како да ги надминуваат неуспесите.

- За да им помогнеме на учениците самостојно да се соочат со предизвиците, треба да им се помогне да развијат начин на размислување: „Јас сум, јас имам, јас можам“ - рече министерката Индрани.

Овој начин на размислување ќе ги научи учениците да ги ценат своите силни страни, да ги искористат позитивните верувања за себе, да се потпрат на врсниците и семејството кога им е потребна поддршка и да им се овозможат вештини како што е емоционално регулирање, решавање проблеми и управување со врски и конфликти.

Министерството за образование и наука ќе воспостави и структури за поддршка на врсниците во секое училиште до 2020 година.

uciliste
Фото: Pixabay

- Нашата визија е секој ученик да им биде поддржувач на другите соученици, формирајќи силна мрежа на поддршка во својот клас или група, каде што тие ќе можат да се грижат едни за други и да бараат помош од наставници или советници онаму каде што е неопходно - изјави министерката.

Наставниците во училиштата и советниците од Институтот за високо образование ќе бидат обучени да откријат знаци на вознемиреност, да им пристапат на овие ученици и да ги упатат до стручни лица.

Како дел од програмата, и основните училишта ќе го потенцираат учењето на моралните вредности.

- Како што вели кинеската поговорка - Вредностите пред академците - вели министерот за образование Онг Је Кунг.

Најголемиот дел од часовите за учениците од 1. до 3. одделение ќе бидат посветени на карактерот и вредностите, додека лекциите по мајчин јазик ќе бидат подобро усогласени.

Министерството за образование ќе вметне и современи теми и проблеми во лекциите на средношколците, опфаќајќи теми како климатските промени, владините политики, расата и религијата.

- Некои од темите може да бидат чувствителни за дискутирање, но тие се важни за да им помогнеме на нашите ученици подобро да ја разберат сложеноста на нашата земја и нашиот живот - изјави Онг.

За да им овозможат на учениците подобро да ја научат Југоисточна Азија, наставниот план ќе стави поголем акцент на изучување на Азија.

- Мора да им се овозможи на учениците повеќе да ја ценат географијата, историјата, културата, јазикот и економијата на нашите регионални земји - изјави министерот Онг.

Ќе бидат организирани и повеќе патувања во странство, во азиските земји.

Министерството изјави и дека учениците ќе учат јазици од југоисточните нации почнувајќи од виетнамски и тајландски. Јазиците ќе им бидат понудени на учениците од основно до предуниверзитетско ниво.

- Југоисточна Азија е еден од најбрзорастечките региони во светот. Заедно со Кина, Индија, Јапонија, Кореја, сите тие се дел од нашата земја. Сингапурските претпријатија треба да бидат во можност да излезат во регионот, а Сингапурците треба да играат улога во тоа. За да го направиме тоа, треба да бидеме опремени со релевантно знаење, јазик и културни вештини - изјави Онг.

Извор: Channelnewsasia.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование