X
 24.02.2016 Култура

Кратки видеa за релаксирање

Со повеќе од 100 предавачи во текот на пет дена, кои присуствуваат на ТЕД конференцијата, овие предавачи нудат вистинско уживање во нивните говори кои имаат широк распон на теми - од виртуелна реалност, расни предрасуди, климатски промени, па се` до беспилотни летала.

 

ted


TED ги нуди овие кратки видео клипови помеѓу говорите за да ги опуштат присутните, да им го подигнат расположението и да им помогнат да се изборат против менталната исцрпеност.

Видеата на најновата конференција на ТЕД во Ванкувер, која заврши во понеделникот, се движат од смешни реклами до музички спотови до кратки филмови, разумно распоредени за да ги забавуваат луѓето.

„Заблуда е дека видеата секогаш треба да биде смешно. Понекогаш потребно е само да си го расчистете умот“, вели медиумскиот архивист на ТЕД Аниса Самурај, која оваа година таа ги собира видеата кои се прикажуваа меѓу говорите. Во продолжение ви нудиме избор на најдобрите видеа прикажани оваа година, создадени од некои од најкреативните таленти во светот.


„Upside Down & Inside Out“


 

Најновиот видео спот на американската поп сензација „OK Go“ кое е снимено во нулта гравитација се смета за најдоброто користење на рускиот авиопревозник.

„Outer Space“

 

Неверојатна монтажа на холандски филмски едитор заедно со снимките на НАСА од вселенски експедиции.

„Puzzles and word play“


 

Шармантна реклама за играта „Scrabble“ користи паметни анаграми за да раскаже љубовна приказна.

„Change is everything“

 

Видеото на пејачот Сон Лукс внимателно направено со иглички и конец.

„School portrait“


 

Кратко видео кое отсликува како еден фотограф ја губи битката против насмевката на едно дете.

„Walking contest“

 

Комедичарот Даниел Корен кој е номиниран за Еми награда размислува за деталите од неговиот секојдневен живот на улиците во Њујорк.

„Pretzel“

 

Создадено од дизајнерското студио „Mr.Boonstra“, ова видео го покажува раѓањето на инспирацијата за нов бизнис.


„Freedom“


 

Видео спотот на Фарел Вилијамс за песната „Freedom“ кој освои Греми награда за најдобро музичко видео.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура