X
 11.06.2020 Технологија

Инженери споиле илјадници вештачки мозочни синапси на еден чип

Замислете иднина во која може да носите вештачки мозоци кои може да работат без суперкомпјутер или интернет. Инженери од Технолошкиот институт во Масачусетс создале „мозок во чип“, кој е помал од ливче од конфети и може да го забрза развојот на мали преносни уреди со вештачка интелигенција.

„Мозокот во чип“ е направен од десетици илјадници синапси, кои се компоненти од силикон што работат како синапсите за пренесување на информации во човечкиот мозок. Во преносни уреди, овие синапси може да извршуваат комплексни задачи со пресметување какви што денес прават само суперкомпјутерите. Чипот кој го создале научниците може детално да „помни“ слики и потоа да ги создаде истите.



Фото: Pixabay

Овој напредок може да биде отскочна штица за повеќе иновации во областа. Целта на тимот е да создаде голем вештачки модел на нервни мрежи. 


Џиван Ким, професор на Технолошкиот институт во Масачусетс, објаснува дека мрежите од вештачки синапси досега постоеле како софтвер, а тимот сега се обидува да изгради хардвер со вистинска нервна мрежа за преносни системи со вештачка интелигенција.



Фото: Pixabay

- Замислете ја можноста да поврзете уред со камерата во вашиот автомобил кој може да препознава светла и предмети и веднаш да донесе одлука, без да треба да се поврзе на интернет - вели Ким.

Според истражувачите, дизајнот може да помогне во создавање преносни компјутери со вештачки мозоци кои може да прават пресметки со минимална енергија и без никаква поврзаност на мрежа.

Автор: Дерја Оздемир
Извор: interestingengineering.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија