X
 02.03.2016 Живот

Искрено писмо на еден татко до училиштето на неговата ќерка

Кога 12 годишната Изабел и 7 годишната Сара, ќерките на Патрик Пипино  задоцниле на училиште, нивниот татко одлучил преку писмо, искрено да објасни зошто тие задоцниле.

 

tatko


„Вчера вечер Избел имаше доволно среќа да го види Брус Спрингстин и „E Street Band“ во Албани, а тој свиреше три и пол часови.

Можеби ова не изгледа како добар изговор, но дали некогаш сте се запрашале колку деца би доцнеле - или би пропуштиле да одат на училиште - ако наеднаш се појави Бог? Ова е нешто како тоа“.

Искрено,

Патрик А Пипино
татко

Семејството било на концертот на Спрингстин во Албани. „И двете мои ќерки го обожаваат Спрингстин, а постарата го сака уште од нејзината 4-та година. Изабела секогаш ги пее неговите песни и постојано бара да го слуша.

Голем дел од родителите ја пофалија искреноста на таткото. „Постојат луѓе кои отишле на концерт и потоа другиот ден се јавиле дека не одат на работа затоа што се „болни“. Овој татко не само што ја кажа вистината, туку и ја научи својата ќерка дека кажувањето на вистината е најправилниот начин“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот