X
 09.02.2016 Живот

Рекламата која ги подели гледачите

Токму оваа Супер Боул реклама остави голем број гледачи шокирани. Се чини дека не сите се импресионирани со рекламата на Доритос.

 

`1


Рекламата, во која бремена жена е на преглед за ултразвук, додека нејзиниот сопруг јаде Доритос, а бебето е толку очајно за Доритос што се обидува да излезе од стомакот, ги подели гледачите кои на социјалните медиуми критикуваат дека рекламата се обидува предвременото пораѓање да го поврзи со апетитот.

Гледачите го преплавија Твитер со коментари за рекламата - дел од нив рекламата ја сметаат за екстремно паметен потег, додека други ја нарекуваат „застрашувачка“ и „вознемирувачка“, додека трети велат дека повеќе никогаш нема да јадат Доритос.






Овогодинешните рекламни агенции платија неверојатни 5 милиони долари за 30 секунди место за време на 50-годишината од Супер Боул - минатата година беше прогласена за најгледана телевизиска програма во историјата со просечна публика од 114.4 милиони гледачи.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот