X
 18.03.2016 Живот

Зошто понекогаш дејствуваме неразумно?

Во 1977 година, психологот Елен Лангер и нејзиниот истражувачки тим на „Харвард“ започнале со спроведување истражување кое подоцна ќе го промени нашето разбирање за човековото однесување.


Истражувањето функционирало вака: Истражувачите застанувале пред лица кои чекаат во ред пред апарат за фотокопирање. Тогаш, секој истражувач го погледнувал лицето позади него и го прашувал едно од овие прашања:

1. „Се извинувам, имам 5 страници. Може ли да го користам апаратот?“
2. „Се извинувам, имам 5 страници. Може ли да го користам апаратот бидејќи брзам?“
3. „Се извинувам, имам 5 страници. Може ли да го користам апаратот бидејќи мора да направам копии?“

Забележувате дека третата верзија нема смисла. Тоа било бескорисен изговор за прескокнување на редот. Изненадувачки, оваа бескорисна реченица функционирала. Кога истражувачите ги анализирале податоците тие откриле дека во верзијата 1, 60% од луѓето допуштале прескокнување на редот, додека во верзија 2 и 3, тоа го сториле 94%, односно 93% од луѓето кои чекале.


Истражувањето станало познато бидејќи го открило еден од најмоќните зборови кои ги користиме: бидејќи. Тоа покажало дека сè додека го оправдуваме нашето однесување, поминуваме подобро дури и доколку изговорот нема смисла.

Има две важни лекции кои може да ги научиме од ова истражување, пишува „Medium“.

1. Доколку барате услуга, искористете го зборот „бидејќи“ и дадете ѝ на личноста причина за правење на услугата.

2. Користиме причини - логични и нелогични - за да го оправдаме сопственото однесување.

Бидете свесни за тоа. Замајте ги во обзир сите причини кои ги користите во животот. Можеби ќе бидете изненадени со приказната која си ја разкажувате себеси.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот