X
 08.03.2016 Живот

Времето во Македонија во наредните 5 (пет) дена



Во Македонија во утринските часови ќе има услови за појава на магла, особено долж Повардарието. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер, а во југоисточните предели слаб северозападен ветер. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од -1 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 18 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, која попладне ќе се намалува и во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 15 степени.

Во Македонија во среда умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло за овој период од годината со максимални температури од 9 до 19 степени Кон крајот на денот во источните и југоисточните предели со услови за врнежи од дожд. Во наредните денови, односно од четврток до сабота се очекува нестабилно време со локални врнежи од дожд и посвежо со пад на максималните температури. Максималните температури во четврток од 5 до 13 степени, во петок од 6 до 14, а во сабота малку повисоки и ќе се движат од 8 до 16 степени.

Weater4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот