X
 08.04.2016 Технологија

Апликација која дава пари доколку возачот вози безбедно

Најголемата осигурителна компанија во Германија нуди апликација која овозможува да добиете пари за осигурувањето на вашиот автомобил ако возите безбедно.

 

апликација


Апликацијата наречена „BonusDrive“ е понудена од „Allianz“, а компанијата го следи забрзувањето и кочењето на моделите на возачите, како тие влегуваат во кривина и нивната брзина генерално. На крајот на секое патување се дава повратна информација за истото.

„Со „BonusDrive“ ние го носиме осигурувањето на автомобилот во дигиталната ера. Апликацијата е забавна за користење. И самиот ја користам и мислам дека е возбудливо после секое патување да добивате повратни информации и извештај“, вели Френкс Сомерфелд, член на одборот на „Allianz“.

Компанијата вели дека целта им се младите луѓе до 28 години, кои често мораат да плаќаат високи трошоци за осигурување, такашто нив им нудат 10% попуст доколку ја користат апликацијата после поминати 100 километри.

Одговорните возачи често пати се наградени во зависност од тоа колку добро апликацијата го рангира нивното возење, со награди од златен, сребрен и бронзен медал на крајот од секое патување.

На крајот на осигурувањето од една година апликацијата го оценува возачот во целина. „Златните возачи“ добиваат 30% назад од исплатата на осигурувањето. „Сребрените возачи“ добиваат 20% назад, а „бронзените возачи“, 10%.

А компанијата им ветува на младите возачи кои се одлични студенти намалување од 40% од трошоците за осигурување во првата година.

„Особено за младите луѓе, ова е и повеќе од фер понуда. Прво, клиентите можат активно да влијаат врз нивното однесување додека возат и тие можат да ги намалат трошоците преку безбедно возење“, вели Сомерфелд.

Компанијата тврди дека апликацијата, која е достапна на „Google“ и „Apple“ продавниците овој месец, не претставува слабост, бидејќи возачите не се казнети со високо плаќање ако не добијат медал додека возат.

Исто така, самиот клиент одлучува дали да ги сподели податоците од апликацијата со компанијата. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија