Албинен стана вирален хит уште во 2017 година – приказната за живописниот швајцарски град кој им нуди на странците 25 илјади евра за да се доселат брзо се прошири на социјалните мрежи. Локалните власти одлучија да го преземат овој чекор за да го стимулираат економскиот раст и растот на наталитетот во општината.
Она што никој не го предвидел беше неверојатниот интерес за нивната понуда. Општината доби околу десет илјади апликации за вселување, а некои ентузијасти отпатуваа директно во градот, во округот Леук во Јужна Швајцарија, подготвени веднаш да се вселат – и да ја подигнат својата парична награда.
За жал, не ги прочитале добро условите за добивање на парите.
Имено, само швајцарски државјани под 45 години и лица од други делови на светот со дозвола Ц за постојан престој во Швајцарија кои биле подготвени да купат дом во Албинен со минимална пазарна вредност од 200 илјади швајцарски франци и да живеат таму најмалку десет години - имале право на оваа придобивка.
Покрај тоа, кандидатите што ги исполнуваат условите мора да се навикнат на живот во мал град без банка, пошта, училиште или болница и нешто повеќе од 250 жители.
Дали Албинен платил некому 25 илјади евра за да се пресели или сето тоа било само добар маркетиншки трик и интернет-измама? Тоа е прашањето што го поттикнал тимот од јутјуб-каналот „Јес Теори“ да преземе акција. Ова лето тие отпатувале во Албинен за да ја дознаат вистината.
Иако дошле во текот на летните одмори, кога единствениот хотел и кафуле во градот биле затворени, тие успеале да дознаат многу интересни факти од мештаните. Не само што неколку нови семејства навистина се преселиле во Албинен, туку откриле и дека општината ја обновила програмата ова лето и повторно нуди компензација за преселба.
Извор: punkufer.dnevnik.hr
Фото: YouTube screenshot