X
 04.08.2015 Технологија

Google тајно работи на нова верзија на "Google glass"


„Google“ веќе започнал да им го праќа новиот прототип на своите очиле на софтверските програмери. Новите очила ќе бидат наменети за професионалците, пред сè. Новата верзија од очилата би требало да биде особено различна од претходната, посебно кога станува збор за дизајнот.

Новиот „Google glass“ ќе може да се закачи на очилата на личноста која ги носи, без разлика дали тие се диоптерски или заштитни. Во новата верзија вграден е и побрз процесот, а продолжен е и векот на траењето на батеријата.

Не е познато кога уредот би можел да биде достапен за продажба. Претходниот модел на очилата на „Google“ повеќе не се продава и сите продавници во кои се продаваше се затворени.

Згора на тоа, програмерите кои работат на новиот модел се префрлени во друга единица, предводени од Тони Фадел, претходен вработен во „Apple“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија