X
 18.04.2016 Живот

Над 200 загинати во земјотресот кој го погоди Еквадор

Во тек се спасувачките операции за спасување и извлекување на заробените под урнатините, откако Еквадор беше погоден од најсилниот земјотрес од 1979 година.

 

еквадор


200 луѓе загинаа, а стотици се повредени кога вчера земјотрес со магнитуда од 7.8 степени удрина во близина на еквадорскиот пацифистички брег поточно во градовите како Манта, Педерналес, Гајкил и Портовиехо како и други села и градови.

„Се` може повторно да се изгради но она што не може се човечките животи, а тоа е најболно“, изјави претседателот Рафаел Кореа.

Повеќе од 3.000 пакети храна и 8.000 пакети со опрема за спиење се доставени. „Целата земја е мобилизирана. Му благодариме на светот за неговата солидарност“, напиша тој на социјалната мрежа Твитер.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот