X
 28.04.2016 Живот

Што би можело да доведе до распаѓање на Европа?

Нов извештај од „Економист интелиџенс јунит“, независниот огранок на британскиот „Економист“, детално опишува седум основни проблеми кои ја загрозуваат економската и политичка стабилност на континентот во моментов.


Излегување на Велика Британија од ЕУ

Според извештајот, доколку Велика Британија гласа за напуштање на унијата, тоа би поттикнало економски и политички проблеми, претежно краткорочни. Девалвација на валутата се очекува и пред референдумот, но гласањето за излез би предизвикало нов пад, а инвеститорите би се загрижиле дали одливот на капитал и работна сила ќе ја загрози економијата. Не е исклучено ниту дека ова би предизвикало криза за политичката легитимност на Европската унија.

Грција

Грција, чија економија и понатаму се распаѓа, во петокот се согласила да ги преземе понатамошните чекори за да докаже дека работи на обнова на економијата и со тоа да обезбеди прилив на нови средства. Но, прашање е дали грчката влада може да спроведе сè што е кажано во дело. Потенцијалното излегување од ЕУ би значело голем политички неуспех на унијата, со можност за дестабилизација.

Невидени облици на монетарната политика

Инфлацијата и растот се блокирани на ниско ниво во Еврозоната, по низа години во кои се бележеше нулта каматна стапка. Сега е време за примена на радикални мерки, па централните банки размислуваат за печатење нови пари кои би им биле дадени на луѓето да ги трошат на она што сакаат. Меѓутоа, според извештајот, ова е една карактеристика на посткризен период во Европа.


Пад на продуктивноста

Зголемувањето на продуктивноста се успорува низ Европа уште од глобалната финансиска криза, а ова има последици на економијата. Во извештајот се претпоставува дека земјите нема да ги вратат стапките на продуктивност како порано, но се очекува мал напредок во Велика Британија, Германија и Франција.

Чувствителни односи меѓу Европа и Русија

Ширењето на западното влијание на пост-советскиот регион се доживува како можна закана, а ова се тешкотии за кои Европската унија не е добро подготвена.

Политички проблеми на европските демократии

Во извештајот се наведува дека се потценети политичките проблеми на европските демократии. Имено, се руши систем на политички партии кои ја одржувал владата цел век, а ерата на масовните партии и масовната демократија поминува.

Мигрантска криза

Кризата со мигрантите е поголема опасност за Европа од финансиските и економски кризи со кои се соочува, се наведува во извештајот. Договорот меѓу Европската унија и Турција овозможи полесно дишење одреден период, но тоа предизвика огромни политички, законски и практични проблеми. Доколку договорот пропадне, целиот континент се враќа на почеток и се соочува со опасност од распаѓање на ЕУ.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот