X
 13.05.2016 Култура

Нил Гејмен: Зошто нашата иднина зависи од библиотеката, читањето и сонувањето?

1

 

За луѓето важно е да ви кажат на чија страна сте, зошто и дали би можеле да бидат пристрасни. За на некој начин да ги објават своите интереси. Затоа ќе ви раскажуваат за читањето. Ќе ви кажам зошто библиотеките се важни. Ќе ви сугерираат дека читањето фикција, читањето од задоволство е една од најважните работи за човекот. Страствено ќе се залагам луѓето да сфатат што се библиотеките, кои се библиотекарите и за нивното зачувување.


Пристрасен сум очигледно и многу: јас сум автор на фикција. Пишувам за деца и возрасни. 30 години заработувам за животот преку моите зборови, воглавно преку измислување и запишување на измисленото. Очигледно е дека во мој интерес е луѓето да читаат, да читаат фикција, да постојат библиотеките и библиотекарите и да помогнав во усвојувањето на читањето и местата на кои се случува читањето. Пристрасен сум како писател, но многу повеќе сум пристрасен како читател. И уште повеќе како граѓанин на Британија. Се` се менува кога читаме. За оваа промена и за самото читање дојдов да зборуваме. Сакам да зборувам за тоа што читањето прави и за што е добро.

Бев во Њујорк и слушав разговор за изградба на приватни затвори - индустрија која е во развој во Америка. Затворите мораат да планираат проширување во иднината - колку капацитети им беа потребни? Колку затвореници ќе има за 15 години? Заклучија дека тоа можат да го предвидат доста лесно, користејќи едноставен логаритам базиран на тоа колкав процент на децата на возраст од 10-11 години не знаат да читаат. И со самото тоа не би можел да чита од задоволство.

Не станува збор за точна бројка: не можеме да кажеме дека во писменото општество нема криминал. Но постои корелација. Мислам дека корелацијата доаѓа од нешто доста едноставно - писмените луѓе читаат фикција.

 

2


Фикцијата има две употреби. Прво, тоа е почетната станица на читањето. Нагонот да се открие што доаѓа следно, желбата да се сврти страната, потребата да се продолжи, иако е тешко затоа што некој е во неволја, а вие мора да знаете што ќе се случи на крај... тоа е навистина реален нагон. Тој ве тера да научите нови зборови, да мислите нови мисли, да продолжите. Да откриете дека читањето самото по себе донесува задоволство. Еднаш откако ќе научите, на пат сте да читате се`.

А читањето е клуч. Пред неколку години се појави лошо претчувство дека живееме во свет кој го надмина читањето, свет во кој способноста да пронајдеме смисла во пишаниот збор станува излишна. Сомнежот е отстранет, зборовите се поважни повеќе од било кога: патуваме низ светот преку зборовите при што светот се пренесе на интернет, имаме потреба да следиме, споделуваме и сфаќаме она што го читаме. Луѓето кои не можат да се разберат едни со други не можат да разменуваат идеи, не можат да комуницираат.

Наједноставниот начин да бидеме сигурни дека сме создале писмени деца е да ги научиме да читаат но и тоа дека читањето е активност која донесува задоволство. А тоа значи, пронаоѓање книги во кои уживаат, обезбедување на пристап до овие книги и простор истите да се читаат.

Мислам дека не постои лоша книга за децата. Меѓу возрасните е модерно од време на време, група на книги, жанр или автори да се прогласат за лоши. Инид Блајтон и Р.Л.Стајн се прогласени за лоши, а стриповите означени како негуватели на неписменоста. Тоа е глупост и снобизам. Не постои ништо лошо кога детето сака да истражува, затоа што секое дете е различно. Може да пронајдат приказни за кои имаат потреба, можат себеси да се внесат во овие приказни. Баналната, истрошена идеја не е банална и истрошена за нив. Ова е прв пат детето да се сретне со неа. Немојте да ги обесхрабрувате од читањето затоа што имате чувство дека читаат погрешни нешта. Фикцијата која не ја сакате е пат кон другите книги кои можеби би ги сакале. И немаат сите ист вкус како и вие. Иако возрасните имаат добра намера, можат да ја уништат желбата на детето да чита: доколку го спречите да го читаат она што го сакат и им давате вредни но досадни книги. Со тоа ќе се создаде генерација убедена дека читањето „не е кул“ или уште полошо, дека не донесува задоволство.

Потребно е нашите деца да започнат да се качуваат по скалата на читањето: она што им носи задоволство ќе ги поместува нагоре по планината на писменоста. Другото нешто е што фикцијата гради емпатија. Кога гледате телевизија или филм, ги гледате работите кои им се случуваат на другите луѓе. Прозата е нешто што го градите од 30 букви и интерпукциски знаци, и вие самите, користејќи ја фантазијата создавате свет и луѓе и гледате низ нивните очи. Ги чувствувате работите, ги посетувате местата и световите кои инаку не би ги знаеле. Станувате друга личност, а кога ќе се вратите во вашиот свет се менувате.

Со сочувството луѓето се прилагодуваат на животот во група, бидејќи тоа ни дозволува да функционираме како нешто повеќе од себичната индивидуа. Со читањето дознавате нешто важно: светот не мора да биде онаков каков што е. Можете да бидете различни.

Во 2007 година бев во посета на Кина како дел од првата дозволена конвенција за научна фантастика и фантазија во кинеската историја. Во еден момент прашав еден од официјалните лица: Зошто? Научната фантастика била забранета долго време. Што се променило?

 

3


„Едноставно е“, ми одговори тој. Кинезите се брилијантни во создавање на работи доколку другите луѓе им донесат планови. Но Кинезите немале иновации и пронајдоци. Не замислувале. Затоа била испратена делегација во Америка во „Apple“, „Мicrosoft“ и „Google“ и биле испитувани луѓето кои биле задолжени за иновации, луѓето кои ја замислувале иднината. Дознале дека сите од нив читале научна фантастика кога биле помлади.

Фикцијата може да ни покаже различен свет. Може да не` oдведе онаму кадешто никогаш не сме биле. Откако еднаш ќе посетите други светови, не можете да бидете задоволни со светот во кој сте пораснале. Незадоволството е добра работа: незадоволните луѓе можат да изменат и поправат светови, да ги направат подобри и различни.

Би сакал да кажам и нешто за „бегството од реалноста“. Слушам дека овој израз се става во негативен контекст. Како фикцијата да е евтин опијат кој го користат збунетите и измамените. Ако сте заробени во безизлезна ситуација, ако ви е непријатно местото и ако сте опкружени со луѓе кои ви посакуваат лошо, и некој ви понуди привремен излез, зошто не би прифатиле?

Уште еден начин да се убие желбата на детето да чита е ако околу нас нема книги ниту пак место за читање книги. Јас бев среќен. Имав одлична локална библиотека додека растев. Имав родители кои можеа да ме остават во библиотеката додека тие беа на работа. Кога завршив со детската библиотека преминав на книгите за возрасни.

Не верувам дека сите книги ќе преминат на екраните ниту пак верувам дека треба. Книгите се тешки, не е лесно да се уништат, добро лежат во раката - секогаш ќе има место за нив. Тие припаѓаат во библиотеките, како што библиотеките станаа места на кои можете да добиете пристап до електронски книги, аудио книги и содржини од интернет.

Библиотеката е место кое складира информации и на секој човек му дава еднаков пристап. Ова е заедничко место. Тоа е безбедно место, рај на земјата.

Писменоста е поважна од било кога, во светот на пораки и меилови, светот на пишани информации. Потребно е да читаме и пишуваме, потребни се светски граѓани кои можат да читаат со леснотија, да го сфаќаат она што го читаат.

Библиотеките се капии на иднината. Со затворањето на библиотеките се кради иднината, се затвора капијата која треба да биде отворена. Нашите деца и внуци се помалку писмено од нас. Тие се помалку способни да управуваат со светот, да го сфатат и да решаваат проблеми. Полесно можат да бидат измамени и излажани, помалку способни да го менуваат светот во кој се наоѓаат, и потешко да се вработат.

Имаме обврска на глас да им читаме на децата. Да им читаме работи во кои уживаат. Да им читаме приказни од кои веќе сме уморни. Да имитираме гласови, да им ги направиме забавни приказните и да не престануваме да им читаме само затоа што сами научиле да читаат. Имаме обврска да ги направиме работите убави. Да не го оставиме светот неубав, да не ги празниме океаните, да не им ги оставаме проблемите на наредните генерации. Имаме обврска да исчистиме зад себе и да не ги оставиме нашите деца да живеат во свет кој ние сме го осакатиле.

Го прашале Алберт Ајнштан како да ги направиме децата интелигентни. Неговиот одговор бил едноставен и мудар: „Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни, читајте им бајки. Ако сакате да бидат уште поинтелигентни читајте им повеќе бајки“. Тој ја сфаќал вредноста на читањето и замислувањето. Се надевам дека на децата можеме да им обезбедиме свет во кој ќе читаат и во кој ќе им биде читано, во кој ќе замислуваат и разбираат. 


Aвтор: Нил Гејмен,  лекција објавена во „The Guardian“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура