X
 30.12.2018 Живот

На интервју за работа облечете темносина или сива облека, а избегнувајте ја портокаловата

Разговорот за работа е првата можност за работодавците да ги запознаат идните соработници. Оние што бараат работа треба да ги уверат во своето знаење, искуство, професионалност и да остават добар впечаток. Тоа секако ја опфаќа и облеката што ја носите бидејќи и таа претставува дел од вашиот карактер.

Но, една боја никако нема да ви оди во прилог. Станува збор за портокаловата боја. Интервјуа со повеќе од 2.000 експерти за вработување покажуваат дека токму таа боја најчесто ја поврзуваат со непрофесионален пристап кон работата. Како што пишува „Тајм“, иако истражувањето е спроведено во 2013 година, тимот на „Кариер Билдер“, кој стои зад него, вели дека резултатите се релевантни и денес.

- Целта на секое интервју е да се покажат вредностите што ги носите во компанијата. Златното правило гласи: бидете сигурни дека луѓето ве помнат повеќе од облеката што сте ја носеле - вели Мишел Ејмер од „Кариер Билдер“.

Работодавците препорачуваат да облечете нешто сино или црно бидејќи тие две бои се поврзуваат со карактеристиките на тимскиот играч кој е способен да го преземе водството ако и кога тоа е потребно.

Исто така, експертите за вработување ја поврзуваат сивата боја со логичкото размислување, белата со организираноста, кафеавата со лице на кое може да се потпрат, а црвената со силна и самоуверена личност.

Комбинацијата на облека што ќе ја облечете на интервју треба и тоа како добро да ја смислите, смета Марти Ландсторм, експерт за вработување на жени.

- Ако барате работа, моја препорака е на интервјуата да носите нешто што ви стои совршено, во што се чувствувате удобно. Но, битно е и да го проверите дрес-кодот на компанијата во која одите бидејќи не е пожелно премногу да се разликувате - истакнува Марти.

Најдобро би било да искомбинирате неутрални нијанси од темносина, сива или црна боја. 
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот