X
 19.05.2016 Живот

Следниот пат кога сте нервозни, пробајте го ова

Вашата секојдневна навика можеби е решението на вашите проблеми. Истражувањата покажуваат дека џвакањето гума за џвакање може да има повеќе поволности.


Ја намалува вознемиреноста

Тестовите покажале дека џвакањето гума за џвакање секој ден во период од две недели значително ги намалиле нивоата на вознемиреност кај испитаниците. Впрочем, вознемиреноста била намалена речиси веднаш.

Го подобрува расположението

Стимулирајќи ја циркулацијата, гумата за џвакање може да ви помогне во подобрувањето на расположението.

Го намалува нивото на кортисол, хормонот на стрес

Еден од најголемите поволности на гумата за џвакање е намалувањето на нивото на кортисол, познат и како хормонот на стрес. Истражувањата покажале дека кортисолот е помалку присутен во плунката додека се џвака гума за џвакање.

Го зголемува вниманието

Гумата за џвакање влијае на дури осум делови од мозокот, а тие привремени подобрувања може да влијаат позитивно на мозокот. Освен тоа, било покажано дека оние кои џвакаат гуми за џвакање редовно имаат подобра меморија.
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот