X
 31.05.2016 Живот

Временска прогноза за наредните 5 (дена)

Денес е вторник, 31 мај 2016 година, 152-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:56, а ќе зајде во 20:05 часот. Денот ќе трае 15 часа и 8 минути.

Полето на висок воздушен притисок и понатаму ни носи стабилно и сончево време. Такво е и ова утро во Македонија, претежно ведро, само на запад има појава на слаба локална облачност.

Во Македонија денес не очекува сончевото и топло време ,иако температурите ќе бидат малку пониски од вчерашните, сепак ќе бидат над повеќегодишниот просек. Ќе дува доумерен слаб западен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина до 18 км/ч. Утринските температури од 7 до 14 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 22 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево и топло. Доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна ќе достигне до 29 степени.

Во Македонија во среда претежно сончево со локална облачност, попладне во западните, северозападните, северните и североисточните предели нестабилно со врнежи од дожд. Максималните температури од 22 до 32 степени. Во четврток претежно сончево со локална облачност, а во западните и северозападните предели постојат услови за локални врнежи. Температурите ќе се движат од 21 до 31 степен. Во петок Македонија ќе биде под влијание на поле на низок воздушен притисок и се очекува нестабилно време со локални врнежи од дожд. Дневните температури од 20 до 30 степени. Во сабота претежно сончево со локална облачност и топло. Температурите од 21 до 31 степен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот