X
 16.03.2016 Живот

Какво време да очекуваме до крајот на зимата?


 
Во Македонија во утринските часови врнежите ќе престануваат и ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и свежо. Ќе дува доумерен југоисточен и источен ветер, а понекаде во западните предели и североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -3 до 6 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 13 степени. Воздушниот притисок ќе бележи тренд на пораст и ќе има вредност околу 1025 хектопаскали.

Во Скопје во среда во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно облачно, а во попладневните часови и со услови за сончеви периоди. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна до 11 степени.

Во наредните денови стабилизација на временската состојба. Утринските температури ќе бидат пониски од просечните, додека пак максималните ќе бидат во пораст. Во Македонија во четврток умерено облачно со сончеви периоди и максимални дневни температури кои ќе се движат од 6 до 14 степени. Во петок претежно облачно, но во попладневните часови во западните предели услови за слаб локален дожд. Температури од 7 до 15 степени. Во деновите од викендот претежно сончево и потопло со максимални температури од 8 до 16 степени, односно од 10 до 18 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот