X
 03.06.2016 Култура

Градот кој Русија го крие од светот

Озерск изгледа како прекрасно место за посета. Градот наликува како европски главен град внатре со прекрасни паркови, големи плоштади, езера и илјадници жители. За повеќето од луѓето кои живеат таму, тоа е токму таков град. Но, она што го прави различен од другите градови е тоа што е заштитен со чувари и двојна ограда од жица.


Со децении, градот не се наоѓал ниту на мапа. Во 1947 година, Советскиот сојуз одлучил да изгради таен град во кој ќе развива нуклеарно оружје пред Студената војна. Градот бил изграден според моделот на Ричленд, каде што САД ја направила бомбата која била фрлена на Нагасаки на крајот на Втората светска војна.

Градот бил наречен Град 40 на почетокот, а таму била направена првата нуклеарна бомба на Советскиот сојуз. Илјадници луѓе се преселиле таму за да работат на оружјето. Тие добиле добра плата, сместување, образование и безбедност. Но, тие морале да се откажат од својата слобода и секаква врска со надворешниот свет.


Денес, над три генерации подоцна, малку се сменило. Градот е дом на повеќето од нуклеарните резерви на Русија и е еднакво таен како и секогаш. Приказната за градот е раскажана во нов документарен филм „City 40’, во кој режисерката Самира Гечел добива пристап до забранетиот град и жителите. Режисерката открива дека владата создала рајски услови за живот во градот за жителите да останат таму и да бидат среќни што се таму. Тие имаат се` што им е потребно и повеќе во споредба со надворешниот свет, каде што немаат ништо.


Идентитетите на овие жители биле избришани. Тие не постојат надвор од градот. Овие жители се изложени на радијација. Тие го фрлаат радиоактивниот отпад во околината. Тие имаат езеро кое го нарекуваат плутониумско езеро во чија близина радијацијата може да убие. Случаите со рак се бројни и многу деца се раѓаат со рак.


Некои луѓе кои живеат таму разбираат што се случува и затоа прифатиле да бидат дел од документарниот филм. Тие секако умираат од радијацијата, па затоа и ја раскажуваат нивната приказна за надворешниот свет да знае што им се случува.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура