X
 16.06.2016 Наука

Најдобрите суперхерои на сите времиња според науката

Додека ликовите од стриповите имаат голем број фанови и имаат потенцијал да создадат милијарди долари во филмскиот бизнис, многу фанови се јасно поделени за тоа со која стрип компанија се идентификуваат - некои од нив им се верни на „DC Comics“, додека други на „Marvel“.

 

1


Со оваа дебата доаѓа и прашањето кој херој е најсилен. Дали Хулк може да го собори Супермен? Чија техника е поимпресивна, онаа на Ајрон Мен или на Киборг? Сега се чини го имаме одговорот за тоа кој суперхерој е најквалификуван за соочување со опасност, со статистики кои го поткрепуваат овој одговор.

Студентите од Универзитетот во Лестер поминаа седум години во проучување на суперхероите и колку нивните уникатни способности би биле „билет“ за реалниост свет. После земањето во предвид на секој можен фактор, беа избрани најдобрите херои:

1. Супермен
2. Волверин
3. Мистик
4. Тор
5. Флеш
6. Спајдермен
7. Бетмен
8. Гуштерот
9. Ајрон Мен
10. Силвер Сурфер

Изненадувачки резултати, нели? Сигурно фановите на Бетмен сега се и тоа како изненадени, меѓутоа студентите од Универзитетот во Лестер даваат објаснување за нивниот контроверзен заклучок.

Во анализата земени во предвид се сите моќи на хероите, ограничувања и слабости. На пример, знаеме дека Бетмен е брилијантен стратег, тренира боречки вештини и ги има сите тие прекрасни „играчки“. Сепак, излегува дека некои од нив се опасни за Темниот витез.

Иако неговата наметка се покажува дека претставува алатка од клучно значење, истражувањето вели дека кога Бетмен се лизга, тој достигнува брзина од околу 80 километри на час што може да биде фатално по слетувањето. Оваа неспособност да ги изведе дури и наједноставните суперхеројски подвизи укажуваат дека на Бетмен ќе му биде тешко да летне, и да го спаси Готам од Бејн или Џокер.

Секако, никој не е изненаден со фактот што Супермен е најмоќниот херој. Тој има повеќе супермоќи отколку што може да се замисли вклучувајќи неповредливост, сила, летање, поглед со рендгенски зраци и здив од мраз.

Генерално, истражувањето е прилично фасцинантно и дефинитивно даде одлични резултати.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука