X
 13.06.2023 Култура

Гледачите ги избраа најдобрите трилери за 2023 година

Подгответе ги пуканките и удобно сместете се во фотелјата. Читателите на веб-страницата „Ранкер“ ги избраа 10. најдобри трилери за 2023 година. На списокот се наоѓаат и психолошки и мистериозни трилери, па дури и комични.

1. „Luther: The Fallen Sun“




Сериски убиец го тероризира Лондон додека посрамотениот детектив Џон Лутер седи зад решетки. Прогонуван од неговиот неуспех да го фати сајбер-психопатот кој сега го исмева, Лутер решава да излезе од затвор за да ја заврши работата.

2. „Cocaine Bear“




Невообичаена група полицајци, криминалци, туристи и тинејџери се собираат во шумите во Џорџија откако мечка тешка 500 килограми проголта голема количина кокаин и почнува да дивее.

3. „Sharper“




Дејството на филмот следи четири клучни ликови. Заплетот се врти околу прашањето кој ќе ги добие парите на еден милијардер.

4. „Detective Knight: Independence“




Во третиот филм од трилогијата повторно го следиме Брус Вилис во улога на истоимениот детектив.

5. „The Protector“



Жена на условна слобода открива заговор додека ја истражува легендата за богот кој штити мал град од злото.

6. „Missing“



Кога нејзината мајка исчезнува додека била на одмор во Колумбија со своето ново момче, потрагата на Џун за одговори е спречена од меѓународната бирократија. Заглавена илјадници километри во Лос Анџелес, Џун креативно ја користи сета најнова технологија со која располага за да се обиде да ја најде мајка си пред да биде предоцна. Меѓутоа, како што копа подлабоко, нејзиното дигитално истражување покренува повеќе прашања отколку што дава одговори.

7. „Tetris“



Хенк Роџерс го открива тетрисот во 1988 година, а потоа се упатува кон Советскиот Сојуз, каде што ги здружува силите со пронаоѓачот Алексеј Пажитнов за да ја донесе играта до публиката.

8. „Out of Exile“




Крадецот Гејб Расел е условно ослободен и се враќа на работа. По неуспешниот грабеж на оклопно возило, тој добива последна шанса да избега и да си обезбеди нов живот за себе и за својата отуѓена ќерка.

9. „Guy Ritchie's The Covenant“



За време на војната во Авганистан, локален преведувач го ризикува својот живот за да носи повреден наредник со километри низ исцрпувачки терен.

10. „Marlowe“



Детективот Филип Марлоу се вклучува во истрага на богато семејство откако убава русокоса ги изнајмува неговите услуги за да го пронајде нејзиниот поранешен љубовник.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTubeпоќ
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура