X
 30.10.2019 Технологија

Срушен рекордот на најдолгиот вселенски лет: Не се знае што правело леталото таму горе

Леталото на американското воено воздухопловство „Х-37В“ слетало во вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА по две години од полетувањето, со што е срушен рекордот за најдолг вселенски лет, кој траел 780 дена.

Што правело леталото таму горе, останува тајна на американската војска. „Х-37В“ е беспилотен авион што потсетува на вселенски брод, а првично бил конструиран да издржи лет до 240 дена. Сепак, во секоја од петте пробни мисии леталото ги надминувало официјалните очекувања.

Embed from Getty Images

Така, во понеделникот околу 7 часот по наше време леталото слетало по 780 дена поминати во орбитата на Земјата, со што за 62 дена е срушен претходниот рекорд поставен на 7 мај 2017 година.

Изгледот на „Х-37В“ не е случаен. Проектот почнал со идејата научниците од НАСА да го заменат вселенското летало со летало што ќе биде посигурно и поиздржливо.

Постојат голем број претпоставки, а една се поврзува со развој на шпионски авион што би можел во орбитата на Земјата да постави шпионски сателити. Во официјалното соопштение на војската се споменува дека тестирањето на леталото „Х-37В“ вклучувало „носење на мали сателити“. „Х-37В“ било лансирано со помош на ракетата на приватната компанија „Спејс Екс“ на 7 септември 2017 година. Следната мисија се планира за 2020 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија