X
 29.06.2016 Технологија

Нов метод со кој се добива поголема дигитална безбедност

Да се добие случаен број помеѓу 1 и 6 е лесно како фрлање коцка, но за компјутерите е многу тешко да добијат вистински случаен број бидејќи тие се изградени врз основа на математиката и логиката и многу често користат комплексни равенки за да создадат имитација на случајност.


Меѓутоа, истражувачите создале нов алгоритам со кој се надеваат дека компјутерите ќе даваат навистина случајни броеви - што е важен фактор во заштитата на дигиталната безбедност на телефоните и останатите уреди.

„На секој електронски уред му треба случајност и тоа многу. Случајноста е потребна секаде каде што ви треба безбедност. Кога и да сакате безбедна комуникација, мора да се добие криптографски клуч. Тој мора да биде добиен случајно за да не може да биде погоден“, вели еден од истражувачите, Марцин Павловски од Универзитетот во Гданск, Полска.

За да се добие вистински случаен број програмот има потреба од некаков непредвидлив физички додаток, како шема или нешто друго. Новиот алгоритам се фокусира на тој физички додаток и се обидува да избрише секаква предвидлива шема од уредите за мерење.

Според тестирањата на тимот, пристапот дава поголемо ниво случајност од кога било порано, но и за поголема брзина. Освен тоа, тој работи онаму каде што не работат други методи.

„Сега се обидуваме да докажеме дека системот работи во повеќе сценарија и да видиме во кои ситуации е најкорисен. Нашата втора цел е да го намалиме времето на пресметување потребно за добивање поголема случајност. Имаме некои прелиминарни резултати кои покажуваат дека може да биде постигнато“, вели Павловски.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија