X
 04.07.2016 Живот

Какво време не` очекува на почетокот од оваа недела?



Денес е понеделник, 4 јули 2016 година, 186-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:59, а ќе зајде во 20:14 часот. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути.

Во Македонија ова утро во централните, источните и југоисточните предели имаме претежно сончево време со локална облачност, додека пак во северозападните и западните предели зголемена облачност која што условува и повисоки утрински температури.

МАКЕДОНИЈА Во Македонија денес ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и посвежо. Во попладневните часови во крајните североисточни, источни и југоисточни предели како и во Охридско-Преспанскиот регион постојат услови за локални врнежи од дожд и гмотевици. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 14 до 24 степени, додека пак максималните температури до 22 односно до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и посвежо. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 22 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 32 степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА - Во Македонија во вторник претежно сончево со локална облачност и топло, максималните температури од 25 до 36 степени. Во среда нестабилно со поинтензивни врнежи од дожд во попладневните и вечерните часови и посвежо време со температури од 25 до 35 степени. Дополнителен пад на температурата ќе има и во четврток кога ќе преовладува претежно сончево време, а температурите ќе се движат од 22 до 33 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот