X
 24.07.2015 Живот

Викенд временска прогноза... Од понеделник температури до 41 степен



Во Македонија во петок претпладне ќе биде претежно сончево и многу топло. Во попладневните часови во северозападните и западните предели наоблачување и услови за развој на нестабилна облачност која што ќе овозможни врнежи од дожд и грмотевици. Во југоисточните и источните предели во текот на целиот ден ќе биде сончево и многу топло.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 29 односно до 39 степени. УВ индекс 9.

Во Скопје во петок претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне наоблачување. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималнаат дневна ќе достигне до 36 степени. УВ индекс 9.

Во Македонија во деновите од викендот во претпладневните часови ќе биде претежно сончево и топло. Попладне наоблачување со услови за врнежи од дожд.. Врнежите од дожд ќе изостанат во југоисточните и источните предели. Во недела се очекува благ пад на дневните температури кои ќе се движат од 28 до 38 степени.

Стабилизирање на атмосферата и малку повисоки температури се очекуваат во понеделник и вторник, кога ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури ќе се движат од 30 до 41 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот