X
 08.07.2016 Технологија

Како да направите Google да ги заборави вашите пребарувања?

Најмоќниот пребарувач во светот конечно претстави алатка која на сите ни треба.


За многумина, кога имаме нешто нејасно или сме љубопитни за нешто што не би сакале другите го знаат, тивко го бараме одговорот на „Google“. Но, се' што правиме на интернет се користи од некој некаде за да се создаде слика од нашиот дигитален живот и не' користат за реклами. „Google“ веројатно знае за нашите најчудни и најтајни несигурности.

Добра вест е дека компанијата има нова алатка со која може да ги „заборавите“ најсрамните моменти кога сте ги користиле услугите на „Google“. Наречена е „My activity“ и им овозможува на луѓето да ги видат информациите кои пребарувачот ги чува за нив и ги користи за некои работи.

Оваа алатка ви овозможува да гледање времеплов од сите нешта кои ги чува пребарувачот за пребарувањата, местата на мапите и видеата. Доколку сте вклучени со и-мејлот на „Google“ треба да видите листа на „активности“ кои ги чува „Google“ на myactivity.google.com. На врвот на страницата ќе видите пребарувач каде лесно може да ги најдете активностите.

Откако ќе ги пронајдете само притиснете го копчето со три точки за мени и оттаму ќе може да одберете и избришете активности. Според претставници од „Google“, кога ќе избришете нешто, „Google“ повеќе не ги користи тие податоци за вас.

Треба да се напомене дека алатката ги покажува податоците за уредот на кој се наоѓате во моментот.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија