X
 13.04.2015 Технологија

"Memex" - пребарувач многу помоќен од "Google"

Криминалните мрежи кои ги експлоатираат жените често се рекламираат на локални веб страни и тоа околу важни настани, со цел да привлечат голем број на посетители. „Слично е како храна“, вели Доминик Ро-Шеповиц.

 

memex


Доминик е директор во Канцеларијата за истражување на секс трговија на Државниот Универзитет во Аризона. Таа работела 5 години со властите во Хјустон, Лас Вегас и Феникс за да ги пронајде и гони шверцерите.

Во минатото, таа макотрпно копирала и пастирала сомнителни веб адреси во документ и истражувала обрасци кои предлагале синџир на трговија со луѓе. Оваа година, таа анализирала криминални мрежи користејќи визуелни дисплеи од моќна алатка за податоци, чијашто способност помага во идните истраги на онлајн криминалните мрежи.

Програмата, алатка наречена „Memex“, е развиена од страна на Програмата за развој на војската на Америка, и претставува пребарувач „на стероиди“. Наместо бескрајни страни на веб линкови, таа испраќа софистицирани инфографици кои претставуваат врски меѓу веб страните, вклучувајќи ги и оние кои „Google“ би ги пропуштил.



На пример, при потрагата на името и телефонскиот број кој се појавува на сомнителна реклама, се појавува дијаграм кој покажува посебни соѕвездија на точки, кои пак претставуваат линкови до реклами кои го содржат името или телефонскиот број, или пак двете. Ваквите резултати би можеле да сугерираат дека истиот телефонски број е поврзан со две различни жени. Пркеу кликнување на точката, може да се открие физичката локација на уредот кој ја постирал рекламата и времето кога била постирала. Со уште едно притискање, се прикажува мапа на локации од кои рекламите биле постирани. Ваквите можности можат да идентификуваат криминални мрежи и да ги разберат нивните операции на сосема нови моќни начини.

За разлика од пребарувањето на „Google“, оваа алатка, освен текст може да пребарува и фотографии и координати со ширина/должина кодирани во слики. Алатката може да дешифрира броеви кои се дел од слиакта, вклучувајќи напишани броеви на фотографија. Исто така, „Memex“ може да препознае различни позадини на слики одделно од самиот предмет којшто бил фокус на сликањето, такашто може да идентификува слики од различни жени кои ја делат истата позадина, како на пример хотелска соба - првиот знак со што се издава трговијата со луѓе.

Уште од лансирањето, пред една година, „Memex“ има значаен успех во истрагата на секс трговија. Генераторот на „Memex“ бил употребен во 20 истраги, а бил искористен и во 8 судења во кои обвинетите биле осудени за секс трговија.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија