Денешните студенти се вешти, но истражувачите велат дека тие честопати ја немаат клучната вештина потребна за животот по студиите: препознавањето и прашувањето сопствени прашања.
Истражувачите испрашувале 1.651 луѓе во период од две години, кои биле студенти од 10 факултети и универзитети ширум САД и дипломирале помеѓу 2007 и 2012 година. Студентите биле прашувани за стратегиите за барање информации кои ги користеле и предизвиците со кои се соочувале при влегувањето во професионалниот живот.
Три четвртини од испитаниците изјавиле дека барале совети за решавање на проблемите во животот, а половина од нив изјавиле дека барале информации за да ја подобрат комуникацијата со постарите работници или да ги задржат техничките вештини кои ги научиле на факултет.
Сите овие информации најчесто биле барани на „Google“, социјални мрежи, па дури и ТЕД-говори, додека онлајн-курсевите биле поретко користени. Тие изјавиле и дека се консултирале со пријателите и соработниците речиси исто како и интернетот.
Три четвртини од
испитаниците изјавиле дека факултетот им помогнал во добивањето вештини, но само една четвртина сметале дека на факултет научиле да формираат сопствени прашања.