X
 11.07.2016 Живот

Неделна временска прогноза



Денес е понеделник, 11 јули 2016 година, 193-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:04, а ќе зајде во 20:12 часот. Денот ќе трае 15 часа и 08 минути.

Под влијание на поле на висок возушен притисок ова утро во Македонија имаме сончево и топло утро, насекаде над Македонија е ведро.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес ќе биде сончево и многу топло. Во попладневните часови во крајните северозападни и западни предели услови за појава на локална облачност и можност за развој на нестабилност која може да услови слаби локални врнежи од дожд и грмотевици иако условите се минимални. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 28 односно до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло. Слаб југоисточен ветер Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна до 36 степени. УВ индекс 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во вторник сончево и топло со максимални температури од 29 до 39 степени. Во среда и четврток не очекуваат тропски денови, ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои ќе достигнат до 30 односно до 40 степени и висока вредност на ув индексот 10. Во петок претпладне претежно сончево, попладне со услови за врнежи од дожд и грмотевици и пад на максималните температури кои ќе достигнат до 22 односно до 32 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот