X
 24.11.2016 Живот

Временска прогноза за наредните денови... Од понеделник снег

Денес е четврток, 24 ноември 2016 година, 329-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:28, а ќе зајде во 16:11 часот. Денот ќе трае 9 часа и 43 минути.

Ова утро во поголем дел од Македонија имаме појава на магла и ниска облачност која што ја намалува видливоста и за под 50 метри. Претежно ведро време и сончеви периоди се очекуваат во поголем дел од западните предели.

МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови појава на магла и ниска облачснот која што по котлините во централните предели како и долж Повардарието ќе се задржи и во претпладневните часови, а во северните предели во текот на целиот ден. Во останатите предели претежно сончево со појава на локална облачност и топло време. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од -2 до 6 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 15 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје појава на магла и ниска облачност која што ќе се задржи во поголем дел од денот. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна до 8 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок во утринските часови појава на магла која понекаде ќе се задржи и претпладне. Попладне зголемување на облачноста и се очекува умерено облачно време. Максималните температури од 8 до 15 степени. Во сабота промена на временската состојба, следува период на опаѓање на температурите и нестабилно со врнежи од дожд. Во сабота максималните температури од 9 до 16 степени а во недела од 7 до 14 степени. Во понеделник облачно со врнежи од дожд и осетен пад на температурите како на утринските така и на максималните, а над 1000 метри се очекуваат и врнежи од снег. Максималните од 6 до 13 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот