Научници од 80 земји слетаа во Берлин оваа недела за да бидат дел од Европскиот конгрес на математиката. Повеќето од најдобрите математичари се изненадувачки млади и поинакви отколку што мислите.
Кога 28 годишниот Петар Шолце станал професор на 24 годишна возраст и бил најмлад германски професор, и академците и медиумите го свртиле вниманието кон него.
Европската математичка заедница му оддаде почит на неговото истражување во полето на артиметичка алгераичка геометрија.
Уште еден теорист Џејмс Мејнард, со своите 29 години е дел од истражувачкиот тим на универзитетот Оксфорд. Освен што е славен како млад академик, Мејнард не верува дека математиката треба да биде чувана за тие со повисока интелигенција:
„Професионалните математичари често имаат исти искуства како нормалните луѓе, но постои апстрактен концепт и тие не го разбираат веднаш. На некој начин, тоа е доста оштетувачки за математиката што постои оваа идеја за осамениот гениј.“
Сара Зехеди е овогодинешната единствена жена која е дел од лоретите на Европската математичка заедница. 34 годишната Иранка беше професор асистент на Кралскиот институт по технологија во Стокхолм. Нејзиното истражување се фокусира околу компјутерските методи за пресметка и емулација на динамичката геометрија, како на пример течни површини. Нејзините откритија може да го подобрат производството на биочипови кои се очекуваат да ја заменат работата во лабораториите при анализа на крв.
„Немав пријатели и не знаев шведски. Но математиката беше јазикот кој го разбирав. На часовите по математика, бев способна да комуницирам со моите соученици и успеав да стекнам пријателства преку решавање математички проблеми заедно. По сите останати предмети имав лоши оценки, но имам добри сеќавања од часовите по математика.“
Исто како нејзините колеги Шолце и Мејнард, Сара
верува дека во основа сите разбираат многу математика. Таа смета дека пристапот кон децата треба да биде на многу рана возраст и притоа да им се укаже како математиката може да биде користена во вистинскиот живот. Исто така предложува предавање на програмирање во училиштата.