X
 06.11.2015 Образование

Што секој човек треба да знае од математиката?

Тони Милун е доста необичен професор по математика, а во последно време тој преку неговите активности има за цел да им покаже на учениците дека математиката не е досаден и тежок училишен предмет, како и тоа дека математиката се користи во секојдневниот живот.

 

1


Во пресрет на ова, тој истакнува неколку работи кои секој ученик треба да ги знае по математика.

Пресметување на проценти: Колку изнесува ДДВ во цената на еден производ, ако стапката на ДДВ е 18%? Што е нето плата ако се знае износот на бруто платата? Која ќе биде на крајот цената на производот ако прво се зголеми за 10%, а потоа се намали за 10%?

Пресметување на површина: Да се пресмета бројот на плочки потребни за да се поплочи подот и ѕидовите во бањата ако се познати димензиите на плочките и бањата.

Основни пресметки: Колку пари ќе ви бидат потребни за патување од точка А до точка Б, ако е позната оддалеченоста на местото, ако се знае потрошувачката на бензин, цената на бензин и патарината.

Сооднос и пропориции: Врз основа на мапите да се процени оддалеченоста помеѓу две места во природата, ако се знаат размерите на картата. Исто така, од податоците на мапата да се процени површината на езерото или одредена држава.

Едноставна каматна пресметка:
Бидејќи сите земаме кредити за стан, автомобил, образование или нешто друго, треба да знаеме да ја пресметаме месечната рата за овој кредит.

Примена на математички операции:
Пресметување на профитот на компанијата ако се познати трошоците на компанијата, продажната цена на производот и бројот на продадени единици.

Геометрија на просторот: Пресметајте колку картони треба да се потрошат за да се направи пакет во кој би се сместиле последните предмети.

Експоненцијална функција:
Пресметување на рокот на траење на некој производ ако штетните батерии се множат според експоненцијалното правило.

Толкување на графикони: Способноста да се разберат и да се објаснат различните графички прикази на податоците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование