X
 27.07.2016 Технологија

Градот Москва претстави нова апликација што ќе ја замени Покемон гоу

Градските власти во Москва започнале со промоција на апликација која функционира на сличен начин како и веќе познатата игра „Покемон гоу“. Корисниците ќе може да бараат виртуелни двојници на познати личности од руската историја низ Москва.


Еуфоријата за „Покемон гоу“ ја зафати дури и Русија. Затоа, Москва сака да го смени тоа. Така, на официјалната интернет-страница на градот беше објавен напис за нова апликација „Запознај ја Москва. Фото“.

Апликацијата функционира на ист принцип како и „Покемон гоу“, со таа разлика што наместо мали монструми, корисниците треба да одат во потрага по историски личности за да направат селфи со нив.

Виртуелните двојници на познатите личности веќе сега „живеат“ во улиците на Москва. Тоа се руските цареви Иван Грозни и Петар Први, писателот Александар Пушкин, космонаутот Јуриј Гагарин итн. Тие се врзани за конкретна точка во градот, а по пуштањето на апликацијата ќе започнат да „шетаат“ низ Москва.

  

За разлика од покемоните, руските цареви, писатели и космонаути нема да се појавуваат во градот хаотично, туку секој соодветно на сопствената биографија. Сите заинтересирани ќе може да тргнат во потрага по Пушкин и останатите на крајот од август со помош на своите телефони.

Засега, во виртуелниот простор на Москва се наоѓаат само покемони. Според информациите, „Покемон гоу“ во Москва ја играат најмалку 180.000 луѓе.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија