X
 12.08.2016 Образование

Што треба да ги учиме децата во текот на раното детство?

deca 

 

Постојат толку многу различни теории во врска со образованието во раното детство и она што е најважно да научи едно мало дете. Постојат толку многу научни теории и школи исто колку и психолози кои го проучувале детето. Жан Пијаже, Виготски, Ерик Ериксон, Марија Монтесори, Џон Дјуи и многу други ги проучувале децата и воспоставиле различни начини на учење на децата.


Од суштинско значење е да се разбере како детето учи, со цел да се обезбеди идеална средина за учење, без разлика дали училницата се наоѓа во голем град или мало село опкружено со планини. Она што е најважно е детето да се научи како да го набљудува светот, како да размислува, како да решава проблеми, како да се движи и да функционира во неговата средина.

Научете го детето да набљудува


Луѓето се раѓаат со рефлекси и сетила со цел да научат и да се поврзат. Едно мало дете ќе започне да учи токму преку своите сетила: вид, слух, мирис, вкус и допир. Сензорите за учење се важни за детето соодветно да го развие мозокот. Колку повеќе интеракции детето искусува користејќи ги сопствените сетила, толку поголем ќе биде отпечатокот кај неговиот когнитивен развој.

Детето најдобро би научило за јаболкото ако го допре и ако опише какво е, како мириса и каков е неговиот вкус. Родителот или наставникот може да го сечи јаболкото на половина и да му покаже какво е внатре, да му објасни како расте семето и да му го нацрта процесот на таблата. За математичка активност, децата можат да ги избројат семињата и да ги напишат нивните одговори.

Набљудувањето вклучува изложеност на различни стимули и материјали. Некои од најдобрите искуства за учење се преку стимулација со рацете, допирање на различни материјали и површини, галење животни, копање на земја за засадување семе и секако, опишување на искуството од страна на детето.

Учење како да размислува

Детето првпат учи како да набљудува - како тоа се развива и започнува да комуницира, кај него се појавуваат когнитивните вештини. Тие се засилени со повторување бидејќи на тој начин детето се сеќава дека треба да направи нешто. Веројатно сте забележале дека детето ќе се наврати на истата сложувалка или истата активност. Тоа е сосема нормално и му помага на детето да поврзе специфични акции кои водат до специфични резултати. Откако детето ќе се почувствува успешно во активноста, потребно е да го прашате прашања кои директно се поврзани со активноста. Кое делче го употреби најпрво? Зошто? Дозволете му на детето да го процесира искуството и да комуницира преку прашалните зборови: зошто, како, каде, што ако, кога, каков вид и слично.

 

2


Отворени прашања

- Дали можеш да ми кажеш за...?
- Каде на друго место можеш...?
- Дали можеш да искористиш нешто друго за...?
- Што ќе се случи ако...?
- Како го направи тоа?
- Што ќе се случи следно?
- Се прашувам што би можело да е тоа?
- Што тие направија..?
- Кажи ми за...
- Кажи ми што се случи.
- Што мислиш?
- Што треба да правам?

Побарајте од детето да размислува

- Што друго би можел да направиш со...?
- Што мислиш дека ќе се случи ако...?
- Каде би можеле да го направиме тоа?
- Како би можеле да направиме да функционира?
- Што/кој би можеле да ставиме тука?
- Се прашувам што би направиле тие?
- Дали постои друг начин?
- Зошто го правиш тоа?
- Што би сакал?
- Дали можеш да измислиш друг начин?
- Зошто тие...?

Научете го детето како да решава проблеми

Децата од предучилишна возраст се многу љубопитни - и треба да бидат. Нормално е да поставуваат прашања. Но, постои природна тенденција да им се дадат многу одговори, наместо од детето да се побара да размислува само и само да преземе акција. Многу често овие прашања можат да бидат преформулирани. Нашите деца/ученици треба да имаат можност да размислуваат во текот на една ситуација или конфликт. Многу често, наставникот ќе му каже на ученикот што треба да каже, што треба да направи или како да размислува, наместо да го постави прашањето: „Што друго можеш да направиш...?“ или „Дали постои друг начин кој би функционирал?“.

Вештините за критичко размислување им помагаат на децата да научат дека проблемите имаат решенија. Колку повеќе им помагаме да разберат како да го прашат правилното прашање, толку појасно и подобро ќе го сфатат ефектот и причината. Нивниот мозок е као сунѓер на оваа возраст и е неверојатно колку можат да разберат. Ако едно мало дете може да научи да решава проблеми, неговите социјални и когнитивни вештини можат да бидат значително подобрени. Тоа се вештини кои подоцна се потребни на работното место, во лабораториите, канцелариите, училиштата итн.

 

3


Предучилишните години се самиот почеток


Раното детство е почеток. Предучилишните години се најважните години за учење. Тогаш мозокот се развива брзо, се формира карактерот на детето. Повеќето предучилишни наставни програми вклучуваат математика, почетно пишување, ликовно и социјални вештини. Во текот на овие години не е примарна цел детето да научи да чита, пишува или да користи компјутер. Примарната цел е да научи да учи, да научи да набљудува, да научи да размислува, да комуницира, да решава проблеми, да слуша, да се изразува и да ги почитува другите и себеси. Со овој вид на основа детето подобро ќе учи како да се движи и да функционира во светот. Можностите се отворени и бескрајни.

Цитати за образованието од големите умови

„Примарната цел на образованието во училиштата треба да биде да создаде мажи и жени кои ќе бидат способни да создадат нови работи, а не да го повторуваат она што претходните генерации веќе го направиле“, Жан Пијаже.

„Особено ни е потребна имагинација во науката. Не е само математика, ниту логика, туку убавина и поезија“, Марија Монтесори

„Доброволната активност, повеќе од високо развиениот интелект го разликува човекот од животните кои стојат најблиску до нив“, Л.С.Виготски
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование