X
 26.06.2023 Образование

УКЛО низ студентска перспектива: Порака до матурантите - да му веруваат и да го изберат УКЛО

Овој период е период во кој многу средношколци кои ќе бидат идни студенти треба да донесат избор каде ќе го продолжат своето академско образование. Јас, Викторија Брдаровска, сум студентка на Правен факултет во прва година, прв циклус на студии при Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ - УКЛО.

Правниот факултет каде што јас студирам е одличен избор за сите студенти што ќе бидат идни правници, судии, обвинители, доктори на правни науки...

Со еминентни професори, управа, како и со одлични услови за работа за сите студенти и коректност на професорите ги охрабрувам сите сегашни средношколци, идни студенти да пристапат кон нашиот факултет и секако сите прекрасни други факултети на УКЛО.

УКЛО има голем избор од 10 факултети, Висока медицинска школа, а има и Институт за тутун. УКЛО го имаме во повеќе градови (Битола, Охрид, Струга, Скопје, Кичево, Велес и Прилеп), што е одлична шанса и можност за идните студенти од овие градови, а и од другите градови да студираат на нашиот УКЛО.

УКЛО нуди можности за студирање на прв, втор и трет циклус на студии.

1

Морам да напоменам дека УКЛО за краток временски период има многу голем напредок, имаме нов Студентски информативен центар (каде што се одржува серија на работилници), функционален Студентски дом и библиотека, а во изградба е и студентскиот парк. Ова лето ќе биде и летната студентска пракса (со која се добива и паричен надоместок).

Пред краток временски период УКЛО стана првиот македонски универзитет кој пристапи на Акциониот план за ,,Diamond Open Access", нобеловецот Ден Шехтман беше прогласен за почесен професор на УКЛО.

Со ,,UKLO OPEN" УКЛО докажа дека е вклучен во сферата на спортскиот, односно здрав живот и натамошното вложување во ова поле. Спортистите на УКЛО постигнаа одлични резултати на натпреварите со другите универзитети.

Тимовите на УКЛО, исто како и тимовите на УКИМ, се дел од изработката на новиот Просторен план на нашата држава.

Универзитетското студентско собрание исто така е ,,загреано“ за успех, а успехот резултира со тоа што УСС при УКЛО стана полноправна членка на Националниот младински совет на Македонија пред скоро време.

Теоријата и праксата се продукти, а резултати се успехот и знаењето што се добиваат од УКЛО.
УКЛО има и свое Психолошско советувалиште и одговорни студентски правобранители.

2

УКЛО е втор најстар универзитет во нашата држава, кој има големи амбиции за во иднина од страна на управата, професорите како и ние студентите кои сме двигателот на УКЛО.

УКЛО е симбол на успех, борбеност, знаење, моќ, сплотеност и е круцијален дел на академското образование особено во Пелагонскиот Регион.

Идни студенти, не чекајте! Изберете го УКЛО, кој ќе биде вашата перспектива, вашата блескава иднина!

Пишува: Викторија Брдаровска, студентка на Правен факултет со висок просек и член на Правна клиника при УКЛО.
Воедно е и претседател на здружението ,,ВИКТОРИ“, заменик-претседател на Локален совет за волонтерство при Општина Битола, автор и младински активист.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование