X
 20.08.2016 Култура

ТЕАТАР ЗА СИТЕ - повик за учество

Театар за сите
                                                                                                                                 Дизајн: Вања Штркова


ТЕАТАР ЗА СИТЕ е обид театарот да им се доближи на оние кои некогаш сакале и/или сѐ уште сакаат да ја пробаат изведбеноста не само како изразно средство туку и како можност за спознавање на себеси и другите; како простор за лично надградување; како платформа за запознавање и вмрежување на луѓето.

Програмата ТЕАТАР ЗА СИТЕ ги предизвикува и младите и старите, им се обраќа и на најсигурните, но и на оние со помала самодоверба.  

Станува збор за четиримесечен курс по театар (актерство, режија и драмско пишување) кој започнува од 5 септември во просториите на HUB Скопје.

За почеток, ТЕАТАР ЗА СИТЕ почнува со две групи за возрасни кои ќе се среќаваат двапати неделно по час и половина, ќе се дружат, ќе работат и учат преку театарски вежби и активности. Останаа само уште неколку слободни места! Можеби вашето најдобро издание ве чека да се сретнете на некој од часовите.

Информации и пријавување: teatar.za.site@gmail.com

Ментор: Милош Б. Андоновски, режисер и професор по театарска и филмска уметност
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура