X
 26.08.2016 Живот

10 места кои не е дозволено да се посетат

1. Клуб 33, Дизниленд, САД

 

 

Можеби не е под контрола на Владата, но многу е тешко да се помине низ оваа врата. Лоциран на плоштадот Њу Орлеанс, дел од овој клуб е резервиран само за ексклузивни членови. Некои чекале целиот живот за да добијат пристап, но тоа никогаш не се случило. За да бидете член на клубот треба да плаќате 10 илјади долари годишно, а за самото зачленување 25 илјади долари.

 

2. Тајната архива на Ватикан

 

Ако сакате да ја посетите библиотеката во Ватикан, мора да поминете низ ригорозна процедура. Но, доколку ви е потребно нешто што било објавено пред 1939, заборавете. Тие податоци не ви е дозволено да ги добиете.

 

 3. Бохемиска шума, Калифорнија, САД

 

 

 

Ова е тајно место низ шумите во Калифорнија, каде што можат да одат само најмоќните и најбогатите луѓе. Високо рангирани политичари се редовни посетители на ова место и посотојат информации дека таму се прават бизарни работи, како чудни ритуали и настани, но никој отворено не зборува за тоа.

 

4. РАФ Менвит Рид, Велика Британија

Од ова место може да се детектира било каков ракетен напад ширум светот, бидејќи ова е најголемиот светски систем за електорнски мониторинг.

 

5. Ласко Пештери, Франција

На ова место пристап имаат само неколку научници поради важноста на делата кои потекнуваат од предците, а се наоѓаат во пештерите.

 

6. Метро 2 , Москва, Русија

 

 

 

Доста мистериозно место. Се верува дека е тајна локација и подземен систем на руските тајни агенти и владини претставници.

 

7. Пајн геп, Австралија

Познато уште како „Австралиска зона 51“, ова е единственото место во Австралија кое е дефинирано како „забранета зона за летање“.

 

8. Мезгорје, Башкортостан, Русија

 

 

 

Еден од најмистериозните градови во светот, бил изграден за одбрана од нуклеарни напади. И покрај промените во светската политика за нуклеарните војни, сепак зоната е забранета за пристап и постојано е обезбедувана.

 

9. Соба 39, Пјонгјанг, Северна Кореа

Уште позната како Канцеларија 39, ова е тајна соба на една група од владата на Северна Кореја која создава фондови за водење на партија преку недозволена трговија со дрога и шверцување на илегални добра.

 

10. Зона 51, Невада, САД

Ова е домот на тајните експерименти на Владата на САД. Наводно се испитуваат остатоци од НЛО, како и тела на вонземјани. Дури ни претседателот на САД Барак Обама не знае што таму се случува.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот