Едно од последните места на светот и дефинитивно последно во Европа каде човекот одлучил да не чепка е прашумата Перучица во БиХ. Дивина што треба да се види.
На ова место природата го живее својот живот повеќе од 20.000 години, а староста на стеблата што може да се најдат во прашумата е и до 300 години.
Благодарение на тоа што човекот нема никакво влијание во ова парче природа, а има строга контрола на влез во паркот, покрај богатиот растителен свет се развил и уште побогат животински свет. Во прашумата може да се најдат срни, диви кози, куни, мечки, диви мачки, лисици, орли, соколи, тетреби и многу други животни и птици.
Прашумата, што некој ја нарекува „белите дробови на Европа“ зафаќа површина од 14,34 квадратни километри.
Во срцето на прашумата се наоѓа водопад висок повеќе од 70 метри. Највисокото стебло
во Перучица има 57,4 метри. Претходниот рекордер - стебло високо 62 метри, неодамна паднало.