X
 17.09.2016 Култура

Необични дестинации за патување

Ако сакате да патувате, но истовремено сте и љубитени на уникатни дестинации што не се препознатливи по огромниот број на туристи, туку по нивната необичност, еве неколку необични идеи за некое ваш следно патување:

песок


Оазата Хуакачина: Ова е вистинска оаза направена околу езеро создадено од природата во југозападниот дел на перуанската пустина. Таа е изолирана туристичка дестинација.


хуакачана


Хотелот Еварленд: овој хотел не е статичен. Тој се движи наоколу, се крева и се поставува на врвот на музеи и мостови. Последн пат бил поставен на Дворецот Токио во Париз со поглед кон Ајфеловата кула. Тој има сé освен адреса, но може да букирате соба само за една ноќ.

Иглу светилник: лоцирани се во Сариселка, Финска. Селото со иглуа има најдобар поглед. Нема потреба да гледате низ прозор. Додека се релаксирате во креветот во вашето приватно иглу може да уживате во спектакуларните настани познати како северни светлини. Овој феномен може да го набљудувате додека сте на удобно место, додека во исто време надвор е -30°C.

Зорбинг во Нов Зеланд: ова е искуство што не треба да го пропуштите. Влегувате во огромна пластична сфера и се тркалате по висорамнина покриена со трева. Овие топки имаат воздушен слој меѓу вас и земјата и ова искуство може да биде интересно но болно. Најдобриот дел е кога водата во топката креира мини воден парк додека се тркалате по терените во Нов Зеланд. Ова ќе ве чини 40 долари.


зорбинг


Белите песоци во Америка: Белите песоци се американско национално богатство. Никаде на светот нема да видите бескрајно море од бели песочни дини. Потребна ви е скара, санка и ќебе. Возењето со санки е нешто што мора да го искусите овде. Зајдисонцата се магични. Белите песоци се наоѓаат во Ново Мексико помеѓу градовите Аламогордо и Лас Крусес.

Плава лагуна: на само 20 минути оддалеченост од интернационалниот аеродром Кефлавик во Исланд се наоѓа Плава Лагуна сместена во центарот на Гриндавик. Температурата на водата достигнува и до 39 степени и е богата со многу минерали поради што има многу позитивни дејства особено на кожата. Во околината се наоѓа и хотелот Плава Лагуна со спа центар каде што може да добиете различни видови на масажи и третмани за убавина.


плава лагуна
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура