X
 08.12.2021 Живот

Хрватски остров личи на отпечаток од прст

Малиот остров Баљенац, долг само половина километар, со години ги фасцинира туристите од сите делови на светот. Тоа е поради распоредот на камените ѕидови на островот кои прават да изгледа како отпечаток од прст од птичја перспектива.


Баљенац се наоѓа на листата со заштитени добра на УНЕСКО. На островот има камени ѕидови долги вкупно 23 километри.

Жителите на островот Каприје, кој се наоѓа во близина, сами ги изградиле ѕидовите за да засадат лозје, но потоа саделе и смокви и друго овошје. На овој остров нема жители, но може да се посети во кое било време од годината.


Извор: Klix
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот