X
 19.09.2016 Образование

БЕСТ Скопје организира културна размена со студенти од цела Европа

 Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ Скопје), организира културна размена, наречена „OHrid JAM“, од 30 септември до 3 октомври во Охрид, каде европските студенти ќе се запознаат со македонската култура и традиција.



На тридневниот настан, учесници ќе бидат околу 150 студенти од техничките факултети, од над 30 земји од Европа. Студентите ќе престојуваат во хотелот „Бетон“, со кого, како и за минатогодишната културна размена, така и оваа година организацијата оствари одлична соработка.

Тие ќе имаат можност да ги осознаат македонските културни богатства и традиции, преку најразлични активности, како шетање и истражување на градот Охрид, интернационална вечер, крстарење по Охридското езеро, но пред се, со дружба и разменување на искуства со македонските студенти, членови на организацијата БЕСТ.

БЕСТ­ Борд на Европски Студенти по Технологија е непрофитна и неполитичка организација која на студентите им дава можност да го да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање академски курсеви, инженерски натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени.

БЕСТ исто така се стреми да го прошири пазарот на трудот преку саеми за вработување и кариера, работилници, воедно и водење на интернационален центар за кариера.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование