X
 26.09.2016 Здравје

Чудна болест се шири во САД

Во САД се шири болест што наликува на детска парализа и властите се загрижени дека може да се случи епидемија поради големиот број на заболени. Акутен флакциден миелит е треска што доведува до парализа кај децата и за прв пат е откриена во 2014 година. Во моментот се хоспитализирани повеќе од стотина деца.

миелит


За случаите се забележувало дека лекарите не се премногу загрижени, но шефицата на одделението за инфекции на нервниот систем во Националниот институт за невролошки пореметувања и удари (National Institute of Neurological Disorders and Stroke) вели дека не знае дали овие случаи се слични и дека посојат причини за поголемо загрижување. Миелит е воспаление на ‘рбетниот мозок и постојат различни видови. Ова невролошко нарушување вшусност ја уништува мрсната материја што ги штити клетките.

Не е познато како да се третира болеста

Акутниот флакциден миелит е подвид на трансферзален миелитис и првите симптоми се  слични на воспалението на ‘рбетниот мозоко, но болеста се развива различно. Пациентите се слаби и почнуваат да куцаат додека заболените со трансферзален миелитис се вкочуваат. Тешко ги движат ектремитетите, лицето, јазикот и очите. Потоа ја губат контролата врз едниот екстремитет, понекогаш врз цело тело, а многу го задржуваат чувството на контрола. На лекарите не им се познато како и зошто таа се манифестира.

Уште мината година лекарите се изјасниле дека не знаат како да ја третираат или превенираат оваа болест, ниту пак е позната причината за појавата, но велат дека наликува на болест предизвикана од ентеровирус, вирусот Западен Нил, вирусот на херпес или аденовирус.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје