X
 26.09.2016 Живот

Ќе биде ли дуелот помеѓу Клинтон и Трамп најгледаното телевизиско случување?

Кој ќе доминира на телевизиската дебата помеѓу претседателските кандидати Хилари Клинтон и Доналд Трамп? Експертите сметаат дека исходот од првата нивна дебата е неизвесен, особено заради непредвидливоста на Трамп. 

Првото телевизиско соочување на Клинтон и Трамп од повеќе причини ќе биде запишано во историјата. Имено, за прв пат во една телевизиска дебата помеѓу претседателски кандидати учествува една жема. Освен тоа, во оваа предизборна кампања за прв пат се појавуваат двата историски најнеомилените претседателски кандидати.

 

 

 

„И за двајцата се многу работи ставени на коцка“, вели Рид Гејлен, кој учествувал во претседателските кампањи на републиканецот Џорџ Буш о Џон МекКејн, како советник. Со него се согласува и Роберт Шрум, советникот на демократските кандидати Ал Гор и Џон Кери , кој вели : „Ова соочување е одлучувачко.“ Бидејќи целиот свет е загрижен заради Трамп, Шрум проценува дека оваа дебата ќе биде „најгледното телевизиско случување од слетувањето на Месецот“.


„Најважното прашање по мислењето на експертите е кој Доналд Трамп всушност, ќе се појави на дебатата. Односно, дали ќе се обиде да настапи како традиционален политичар и ќе се задржи на специфични теми, или пак, ќе се однесува како на републиканските настани – ќе зборува лудости, кои потполно ги покриваат неговите мислења за одредени теми“, вели Гејлен.

90 – минутната расправа без пауза само со еден противник, за Трамп ќе биде еден потполно нов предизвик, смета професорката Џенифер Мерсиека. Таа предава политичка реторика на универзитетот во Тексас и ги погледнала сите расправи помеѓу Клинтон и Трамп. Рид Гејлен пак, верува деја на Трамп нема да му помогне неговата досегашна тактика на „залажување и напаѓање“. Но, смета дека Трамп и овојпат за да ја примени таа тактика, ќе мора да зборува за нешто друго, само за да го избегне одговорот на прашањето на кое ќе нема одговор. Се очекува исто така и напад кон водителот, доколку од негова страна бидат поставени „незгодни“ прашања. Со сето тоа, Трамп ќе добие аплауз од неговите приварзаници, но важната група на неодлучни гласачи нема да биде придобиена, смета Гејлен и додава дека гласачите од претседателскиот кандидат очекуваат конкретни предлози за решавање на проблемите.

За разлика од Трамп, Хилари Клинтон нема да има поголеми проблеми со оглед на своето политичко знаење, сметаат експертите. Но, токму затоа што е елоквентна и образовувана, ќе мора да внимава за да не звучи арогантно. Според експертите, таа премногу објаснува и понекогаш изгледа ладно и вкочането, што не остава впечаток на личност од доверба, па затоа луѓето можно е да не ја сакаат на водечката позиција.

Според истражувањата на јавното мислење, поголемиот дел од Американците сметаат дека и двајцата кандидати се неискрени. Иако Клинтон се претставува како лигична и сигурна алтернатива, сепак се поставува прашањето дали некој ќе поверува на таквиот имиџ?

Експертите исто така очекуваат Клинтон да го искористи дуелот за да потсети на Трамповите потценувачки изјави за Хиспаноамериканците и Афроамериканците, како неговите ставови за жените. Но, тоа не би претставувало проблем за неговите приварзаници, кои и очекуваат агресивност од негова страна.



Ниеден од експертите не прогнозира за крајниот исход од првиот ТВ дуел помеѓу претседателските кандидати, но сите со нетрпение ја чекаат дебатата. 


Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот