X
 26.09.2016 Живот

Загарантирана приватност или поголема безбедност?

Дали е подобро да си прислушуван со цел да си побезбеден или да имаш загарантирана приватност? Швајцарците на пример се за она првото, па и на референдум поддржаа закон за прислушување.

Камера за надзор

Предложениот закон за прислушување, спроведен на 25-ти септември, го поддржале 65,5% од гласачите, покажале конечните резултати. Се смета дека Швајцарците поддржуваат надзор на нивната приватна комуникација заради порастот на терористички закани и кибернетичкиот криминал.

Швајцарската полиција и разузнавачките служби во земјата имаа ограничени овластувања во споредба со други развиени земји: прислушување телефонски разговори и надзор на електронската пошта беа забранети, без оглед на околностите, а сега ќе се спроведуваат со одобрување на Сојузниот суд, Министерството за одбрана и Владата.

„Не се работи за генерализиран надзор, туку само ќе им се дозволи на разузнавачите да си ја вршат својата работа“, појасниле законодавците.

Мерките што ги вклучува новиот закон ќе се однесувале само на случаи од највисок приоритет, како на пример гонење осомничени лица, посебно лица вмешани во тероризам.

Инаку, претходна студија покажа дека Швајцарците се расположени за шпионажа. 22% од испитаниците во студијата изјавиле дека ги шпионираат комшиите со двогледи, камери и микрофони или низ шпионката на вратата. Ги интересирало како нивните соседи се однесуваат со децата и партнерот, дали реновираат по дома и слично. Најголем "шпиони" имало меѓу лицата на возраст од 15 до 29 години. 40% од испитаниците пак сметале дека некој нив ги набљудува.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот