X
 24.09.2018 Живот

Големо „не“ од Швајцарците: Не сакаат „поздрава“ и „поисправна“ храна

Швајцарците на референдумот ги прифатија инвестициите за велосипеди, но ги отфрлија предлозите храната да биде „поздрава“, „поисправна“ и „пријателска кон животните“.

64 отсто од гласачите ја отфрлиле иницијативата „Фер храна“ за државна помош за производство на еколошки исправна храна и пријателска кон животните и соодветно произведена домашна храна со официјално споредување на домашната со странската храна за зголемување на квалитетот.

Покрај тоа, 71 отсто од гласачите одбија друг, сличен предлог наречен „Суверенитет на храната“ за зголемување на приходите на земјоделците и обезбедување увезената храна да ги исполнува швајцарските стандарди.

Од друга страна, со 72 отсто „за“ Швајцарците го изгласаа предлогот за подобрување на велосипедските патеки и друга инфраструктура. Швајцарската форма на директна демократија им овозможува на гласачите повеќе пати годишно да се изјаснат за разни прашања од јавен интерес.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот