X
 30.09.2016 Живот

Не е паметно да се гугла Џастин Бибер

Intel Security ја извади листата „Најопасните луѓе на интернет“.

На листата, што излегува веќе 10 години, триумфира комичарката Ејми Шумер, а меѓу најопасните лица за пребарување е и Џастин Бибер. Списокот ги вклучува и Мајли Сајрус, Вил Смит и Ријана.

Ејми Шумер

Корисниците кои пребаруваат содржини за Ејми Шумер, имаат 16% шанса да закачат некој вирус или да завршат на штетен софтвер. Како?

Ризикот се крие во лажни сајтови или акаунти на кои се нуди бесплатно даунлодирање, што најчесто содржи малвер.

Ризични се и торенти, па така луѓето кои пребаруваат „Amy Schumer torrent" се изложени на 33% ризик да отворат злонамерен програм и да им бидат хакирани личните податоци и информациите од кредитните картички.

Во извештајот, корисниците се советуваат да отвораат само официјални страници за вести, музика и видеа и да бидат повнимателни при сурфање по интернет, но и да размислат два пати пред да изложат на интернет лични детали како бројки од кредитни картички.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот