X
 14.06.2017 Технологија

Откриен е софтвер што може да уништи електро-мрежи


Кабли прикачени во уред
(Фото: Reuters / Dylan Martinez)

Истражувачите открија загрижувачки вид на малициозен софтвер што ги уништува електричните мрежи, и се претпоставува дека тој малвер најверојатно е одговорен за краткиот прекин во снабдувањето со струја што го погоди Киев при крајот на минатата година.

Компанијата за сајбер-безбедност „ЕСЕТ“ со седиште во Словачка и компанија од ист тип „Драгос“ со седиште во американската држава Мериленд, во своите извештаи наведуваат дека тој малициозен софтвер може да ги контролира прекинувачите и управувачите со струјните кола, што претставува застрашувачка можност за луѓето кои се одговорни за обезбедување на испорака на електрична енергија.

Официјалните лица долго време го рангираат  малверот кој на далечина може да саботира индустриски компјутери како една од најголемите светски закани заради потенцијалот да направи огромни штети преку интернет.

„Потенцијалното влијание на ваквиот малвер е огромно. Не е ограничено само на Украина. Индустрискиот хардвер со кој комуницира оваа малициозна програма се користи во критичните инфраструктури ширум светот“, вели Роберт Липовски, истражувач во компанијата „ЕСЕТ“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија